„За нас почнува живот“ вечер на Божиќниот театарски фестивал во Кисела Вода
- Со успешен почеток стартуваше првиот Божикен театарски фестивал во Кисела Вода, најавувајќи нова културна традиција во општината. Првата фестивалска вечер помина во празнична атмосфера и со голем интерес од публиката, во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Вечер со почеток во 20 часот, на програмата на вториот фестивалски ден, е театарската претстава „За нас почнува живот“, во изведба на Театарското здружение „МАНА“, соопштија попладнево од Општина Кисела Вода.
Скопје, 4 јануари 2026 (МИА) - Театарската претстава „За нас почнува живот“ ќе биде изведена вечер на вториот ден од Божикниот театарски фестивал во општина Кисела Вода.
-Со успешен почеток стартуваше првиот Божикен театарски фестивал во Кисела Вода, најавувајќи нова културна традиција во општината. Првата фестивалска вечер помина во празнична атмосфера и со голем интерес од публиката, во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Вечер со почеток во 20 часот, на програмата на вториот фестивалски ден, е театарската претстава „За нас почнува живот“, во изведба на Театарското здружение „МАНА“, соопштија попладнево од Општина Кисела Вода.
Режијата е на Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви.
Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години. Влезот е бесплатен.
Божиќниот театарски фестивал продолжува и утре. На програмата од 18 часот е претставата „Кралица Срце“ на Театарското здружение „Триангл“, во режија и по сценарио на Десанка Глигоријевиќ, а од 19:30 часот претставата „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“. бд/бак/
Фото: Општина Кисела Вода