• понеделник, 23 декември 2024

За една недела се одложува нормализирањето на работата на клиниките

За една недела се одложува нормализирањето на работата на клиниките
Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) - За една недела се одложува нормализирањето на работата на клиниките, од претходно договореното, а медицински персонал од државата ќе се приклучи на тимовите во Градската општа болница „8 Септември“, информира министерот за здравство Венко Филипче. - За уште една недела ќе го одложиме нормализирањето на работата во рамките на клиниките. Новиот кадар е потребен за да помогне на медицинскиот персонал кој директно работи со пациентите, рече министерот Филипче. Од активните 1.687 позитивни на коронавирусот, речиси 200 се хоспитализирани на Инфективната клиника, во Градската општа болница „8 Септември“ и инфективните одделенија во болниците низ државата, информира министерот за здравство Венко Филипче. На епидемиолозите ќе им помагаат струни лица од Армијата. Со вклучување на воено технички персонал, низ Скопје ќе циркулираат три или четири екипи кои ќе земаа контролните брисови. - Имајќи предвид дека епидемиолозите целосно се посветени на анкетите и новите случаи, веќе истекува 14 дена кај голем број на лица кои се самоизолација. Стручни лица од воено техничкиот персонал, епидемиолози или лаборанти, ќе циркулираат низ градот и ќе земаат контролни брисови, и во зависност од резултатот, ако тестот е негативен, да можат излезат од самоизолација, рече Филипче. ир/сп/

Остани поврзан