• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

За една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар

За една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Скопје, 24 февруари 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.02. до 23.02.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 149 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, соопштија од ЈП Паркинзи на Општина Центар. цр/сст/

Фото: ЈП ПОЦ

Остани поврзан