• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

За еден сантиметар зголемени нивоата на Охридско и Преспанско Езеро

За еден сантиметар зголемени нивоата на Охридско и Преспанско Езеро

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - За еден сантиметар се зголемени нивоата на Охридското и Преспанското Езеро, покажуваат денешните хидролошки мерења. Сепак, двете езера се под просекот за октомври.

Кај Дојранското Езеро кое е нешто над месечниот просек, промени во однос на вчерашниот ден нема. 

И кај реките не се забележани поголеми промени на водостоите, освен на вардар кај Велес. мч/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан