• сабота, 23 ноември 2024

За брзо возење казнети 145 возачи

За брзо возење казнети 145 возачи
Скопје, 7 мај 2022 (МИА) – Вкупно 145 возачи се санкционирани во текот на вчерашната засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената  што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава. Како што посочуваат од МВР, од санкционираните возачи шест се движеле со брзина над 50 километри на час, а еден со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 81 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека и засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.вј/

Остани поврзан