Обвинителството бара мерки на претпазливост против 12 лица за злоупотреба на службена положба
- Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека е поднесено барање за определување мерки на претпазливост за 12 лица осомничени за злоупотреба на службена положба, без да наведе повеќе детали за која институција станува збор.
![Обвинителството бара мерки на претпазливост против 12 лица за злоупотреба на службена положба](https://new.mia.mk/images/20240430142553_big_730x400_89.webp )
Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека е поднесено барање за определување мерки на претпазливост за 12 лица осомничени за злоупотреба на службена положба, без да наведе повеќе детали за која институција станува збор.
-Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела - Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
Според дел од медиумите, станува збор за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт вклучувајќи го и директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски, во врска со случајот со распределба на средства од ваучечер системот. вг/aц/
Фото: МИА Архива