• петок, 20 декември 2024

Зајакнување на поддршката за Украина - ветување од Минхенската конференција, Османи како претседавач на ОБСЕ на панел за новата европска безбедносна архитектура

Зајакнување на поддршката за Украина - ветување од Минхенската конференција, Османи како претседавач на ОБСЕ на панел за новата европска безбедносна архитектура

Минхен, 19 февруари 2023 (МИА) – Зајакнување на поддршката за Украина, една година по руската агресија, потребата од заштита на меѓународниот поредок и нормите на кои се темели, ревизија на безбедносната структура, стравувањата за сојуз меѓу Кина и Русија, но и потребата од стабилност во поединечните региони во светот, меѓу кои и Западен Балкан, беа дел од темите на кои се осврнаа учесниците на 59. Минхенска безбедносна конференција вчера и завчера во Минхен.  

Безбедноста изминатите два дена беше разгледана од повеќе аспекти во хотелот „Бајеришер хоф“ во Минхен на Конференцијата, која завршува денеска, а на која учествуваат над 450 светски лидери и носители на одлуки на високо ниво, вклучувајќи шефови на држави, министри, лидери на меѓународни организации и невладини организации, како и претставници од бизнисот и граѓанското општество. 

Минхенска безбедносна конференција

Како што јави известувачот на МИА од Минхен, учесниците дебатираа за безбедноста во светло на војната во Украина, но и од аспект на енергетиката, економијата, храната, водата, заштита на животната средина. Хибридните закани и кибер нападите имаа посебен третман на неколку панели, но опасноста од нив беше споменувана во речиси сите дискусии, во кои се правеше анализа на улогата на светските сили, САД, Велика Британија, Германија, Кина денес, како и на улогата на НАТО, ОН, ЕУ, останатите меѓународни чинители во заштита на меѓународниот поредок.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводеше владината делегација на Северна Македонија на Минхенската конференција, во чиј состав беше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, учествуваше на тркалезната маса посветена за земјите од Западен Балкан и важноста од евроинтегративниот процес во услови на новите геополитички превирања.

Премиерот појасни дека Северна Македонија е земја која учествува во мировните мисии на НАТО, меѓутоа и на ОН и истовремено претседава со ОБСЕ, споменувајќи го тука и мотото на нашето претседа

- Северна Македонија има јасен став во својата надворешна политика и не постои алтернатива на меѓународната соработка во однос на безбедносните прашања, изјави за МИА Ковачевски вчера при пристигнувањето на Конференцијата, појаснувајќи дека земјава учествува во мировните мисии на НАТО, на ОН и истовремено претседава со ОБСЕ.

- Тоа се гледа и од нашите приоритети каде што клучен приоритет е Украина, меѓутоа и сите други области каде што постои потреба за унапредување на мирот и безбедноста, изјави Ковачевски и потенцира дека овогодишната Минхенска конференција доаѓа во еден исклучутелно значен момент, а клучни тема на неа се безбедноста во Европа во светло на војната што се води во Украина.

На серијата средби кои ги имаше со преставници на ЕУ и нејзините земји-членки Ковачевски добил потврда за нивната заложба за завршување на процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

-Уште еднаш ја потенциравме важноста Северна Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ. Нашите пријатели од ЕУ нé поддржуваат и помагаат во реформските процеси. Европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност на регионот, безбеден и просперитетен живот, што нашите граѓани го заслужуваат, истакна Ковачевски.

Премиерот оствари средби со претседателката на Евроспката комисија Урсула Фон дер Лајен, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со доскорашната претседавачка на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси, претставникот на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак, со премиерката на Естонија Каја Калас.

Се сретна и со лидери од регионот, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со други учесници на Конференцијата.

Во својство на претседавач на ОБСЕ на Минхенската конференцијата е присутен и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој денеска учествува на панел диксусијата „Враќање во иднината? Визии за европската безбедносна архитектура“, на која меѓу другите учествуваат и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, естонската премиерка Каја Калас и шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Минхенската безбедносна конференција на 17 февруари официјално ја отвори новиот претседавач Кристоф Хојсген, кој на присутните им порача дека една од главните темки на кои треба да се посвети внимание е темата за одговорност, како да се спречи неказнивоста и да се креира специјален трибунал за криминалот предизвикан од агресија.

Минхенска безбедносна конференција

- Има многу конфликтикти на кои сме сведоци, има тврдења дека е нападната Европската декларација, дека под напад е Универзалната декларација за човекови права, дека под напад се правилата на меѓународниот поредок. Во Украина не сме сведоци на битка меѓу Истокот и Западот, на битка меѓу НАТО и Русија, на битка меѓу ЕУ и Русија, туку сме сведоци на битка меѓу владеењето на правото и законот на посилниот, порача Хојсген.

Загриженост за меѓународниот поредок поради руската агесија во Украина изразија речиси сите светски лидери, меѓу кои и потпретседателката на САД, Камала Харис и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Харис говорејќи за стратешките интереси, напомена дека ниту една нација не е безбедна, доколку една земја може да го загрози суверенитетот на друга. 

Камала Харис Минхен

- Всушност овој момент е тест за нашата волја да ги одбраниме и заштитиме тие правила и норми. Други држави може ќе се почувствуваат охрабрени да го следат примерот на насилството. Други авоторитарни сили можеби ќе сакаат да го покорат светот според нивната волја, преку присила, дезинформации, па дури и примена на брутална сила. Меѓународниот поредок, на кој сите се потпираме, може да биде под ризик, потенцира Харис.

Како што јави известувачот на МИА од Минхен, Харис истакна и дека САД се загрижени поради континуирата поддршка на Кина за Русија од почетокот на војната во Украина и додаде дека Вашингтон продолжува да го предупредува Пекинг за поддршката кон Москва,

Столтенберг, пак, нагласи дека сојузниците на Украина мора да ѝ го дадат она што и треба за да победи и да преовлада како суверена независна нација во Европа. Тој ја наведе Кина како конкретен пример за потребата од одвраќање, велејќи дека внимателно го следи исходот на војната.

Западот треба да избегне преголема претпазливост при испораката на оружје за Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупредувајќи на страшни последици докол

- Ако Путин победи во Украина, тоа ќе влијае на одлуките и калкулациите што Пекинг ги прави во нивниот дел од светот. Значи, се работи за нашата глобална безбедност, предупреди Столтенберг.

Тој порача и дека Западот треба да избегне преголема претпазливост при испораката на оружје за Украина и оти на земјата треба да и се даде тоа што и е потребно.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пак, истакна дека ЕУ може да биде партнер со воената индустрија за да го зголеми производството на муниција за Украина и да ги обнови сопствените резерви.

Таа го спореди овој план со она што го направи Унијата за време на ковид-пандемијата кога беше неопходно да се произведат огромни количини вакцини против коронавирусот.

- Би можеле да размислиме за големи договори кои ќе им овозможат на одбранбените компании да инвестираат во производствени линии за да го забрзаат производството и да ги зголемат количините што можат да ги испорачаат, рече Фон дер Лајен на безбедносната конференција во Минхен. ац/са/

 

Остани поврзан