• понеделник, 18 ноември 2024

Захарова: Русија ги уништи сите залихи на хемиско оружје

Захарова: Русија ги уништи сите залихи на хемиско оружје
Москва, 25 декември 2020 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Москва во целост ги исполнила своите обврски за уништување на резервите на хемиско оружје. - Сакам да укажам дека Русија ревносно и во целост ги исполни своите обврски за уништување на резервите хемиско оружје и оти процесот е завршен пред три години под надзор на Организацијата за забрана на хемиското оружје, истакна Захарова. Таа додаде Организацијата за забрана на хемиското оружје, која спроведува инспекции во поранешните фабрики за хемиско оружје, досега не пријавила никакво кршење на законите. Изјавата на Захарова уследи откако поранешниот британски министер за одбрана Бен Волас во интервју за Дејли телеграф изјави дека Велика Британија сака да воспостави однос ос рускиот народ, но оти тоа не е лесно по инцидентот во Солсбери. Во англсикиот град Солсбери во 2018 година отруени се поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Британските власти и  Организацијата за забрана на хемиското оружје тврдеа дека тие беа отруени со рускиот нервен отров новичок. ми/

Остани поврзан