Затворен пунктот за вакцинација во спортска сала во Струмица
- Регионалниот пункт за вакцинирање, кој беше сместен во спортската сала на училиштето „Никола Вапцаров“ од денес е затворен, но имунизацијата ќе продолжи непречено, информираа од „Здравствен д
Струмица, 1 октомври 2021 (МИА) - Регионалниот пункт за вакцинирање, кој беше сместен во спортската сала на училиштето „Никола Вапцаров“ од денес е затворен, но имунизацијата ќе продолжи непречено, информираа од „Здравствен дом Струмица“.
Спортската сала се враќа на користење на училиштето, а граѓаните ќе можат да се вакцинираат во Службата за спортска медицина.
Досега, од отворањето на 17 мај годинава, на пунктот се вакцинирани 48.211 лица, а 22.785 од нив ги примиле и двете дози вакцина.
Инаку, во Струмица почна процесот за примање на трета доза вакцина и во изминате денови се вакцинирале три лица. рт/аа/