• понеделник, 23 декември 2024

Започнува втората фаза од реализацијата на проектот „Водоснабдување на Делчево“

Започнува втората фаза од реализацијата на проектот „Водоснабдување на Делчево“
Делчево, 4 октомври 2021 (МИА) - Со изградбата на водводните системи во село Габрово и село Ѕвегор, започнува втората фаза од реализацијата на проектот „Водоснабдување на Делчево“. Во таа насока како што информираа од Општината заедно со претставници од фирмата „Бауер БГ“, Министерството за животна средина, Швајцарската консултантска фирма и директорот на комуналното претпријатие, градоначалникот Горан Трајковски изврши  увид во подготвителните активности за старт на градежните работи и вовед на изведувачот во работа. -Со проектот комплетно нов водоводен систем ќе добијат двете делчевски села. Постоечката мрежа за водоснабдување целосно ќе се замени со нова. За да се подобри водоснабдувањето во Ѕвегор, на пример, на локацијата на стариот резервоар предвиден е нов со капацитет од 150m3. За да се обезбеди непречен пристап на комуналното претпријатие до цевководите, како и објектите на мрежата, новата мрежа ќе биде водена по улиците на селото, а се предвидуваат и хидранти распоредени на достапни места во селото, покривајќи ја целокупната урбана површина за справување со пожар, истакна Трајковски. Во однос на село Габрово директорот на Јавното комунално претпријатие „Брегалница, Стојче Стојковски истакна ќе се намалат трошоците за производство на вода поради големата потрошувачка на електрична енергија од застарените пумпи во бунарот и трошоците поради честите дефекти. -Во Габрово и Ѕвегор ќе се добие континуирано снабдување со квалитетна вода за пиење и во доволен капацитет. Што значи трајно решавање на проблемот со водоснабдувањето конкретно во овие две села, а со дореализацијата на големиот проект ќе се реши и проблемот со водоснабдување на селата од Тработивиште, во Делчево, истакна Стојковски. Втората фаза од проектот „Водоснабдување на Делчево“, е финансиран од Министерството за животна средина во висина од 1,3 милиони швајцарски франци. Вкупниот проект „Водоснабдување на Делчево“ е во износ од 7,3 милиони швајцарски.франци, од кои 6 милиони се донација од Швјацарската конфедерација, а 30.000 швајцарски франци контрибуција на Општина Делчево. вс/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан