• недела, 07 јули 2024

Започна 36-та Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“

Започна 36-та Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“
Крива Паланка, 20 јуни 2022 (МИА) - Со најновото издание на Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски" која од денеска до 27-ми месецов се одржува во комплексот на истоимениот манастир во Крива Паланка, официјално е отворена и програмата на „Кривопаланечко културно лето 2022".
На годинашното 36-то издание на оваа интернационална колонија ќе учествуваат уметници од Турција, Шведска, Бугарија, Албанија, Романија, Србија и од нашата држава.
-Како и секоја година отвораме ново поглавје во историјата на културата, овојпат тематскиот момент во творењето на уметниците ќе биде посветен на просветата и културата, како широка рамка што не ја лимитира слободата на творештвото, изјави координаторот на колонијата, Јордан Михајловски.
Колонијата е традиционална и ја збогатува со децении културната понуда на градот и државата, се реализира со поддршка од Министерството за култура на Северна Македонија, локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и Локална установа Градски музеј Крива Паланка, со поддршка и во соработка со Кумановско-Осоговската Епархија.ид/бт/

Остани поврзан