• понеделник, 25 ноември 2024

Започна тридневниот фестивал „Повикот на Малешевијата“

Започна тридневниот фестивал „Повикот на Малешевијата“
Берово, 16 јули 2021 (МИА) - Во Берово започна тридневниот фестивал „Повикот на Малешевијата“, чиј организатор е здружението „Патфајндерс“ од каде информираа дека во рамки на тридневната програма, која ќе трае до 18 јули, ќе следуваат низа содржини како спој на Малешевската традиција со модерната култура, музика и спорт. -Фестивалот претставува збир на повеќе активности како планинарење, џипинг- офроад, кампинг, планински велосипедизам, фит камп, работилници и секако сето ова поткрепено со добра музика и забава и  посети на знаменитости во Берово, истакнаа организаторите. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој вечерва ги посети младите ентузијасти посака фестивалот да прерасне во традиција, нудејќи многу забава и успех преку стекнување  нови искуства и познанства помеѓу младите. -Ваквите искуства се од особена важност во насока на инспирација и придонесување кон развој на општеството, културата, но и  делување на промена на свеста кон зачувување на природните богатства, рече Пекевски. Фестивалот финансиски е поддржан од локални спонзори и Општина Берово преку Програмата за финансирање на невладини организации и од локални спонзори. вс/вј/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан