• сабота, 20 јули 2024

Започна новогодишното украсување на Охрид

Започна новогодишното украсување на Охрид
Охрид, 9 декември 2020 (МИА) – Со намален буџет и претежно со реквизити од изминатите години започна украсувањето на Охрид за претстојните новогодишни и божиќни празници. Заради епидемијата на коронавирусот оваа година украсувањето ќе е поскромно, а ќе се украсуваат само централните подрачја и главните сообраќајници низ градот. Ѕвездено небо ќе блесне само на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и на улицата „Македонија“, спроти Градскиот кеј, каде ќе се постават уште и декоративни мразулци. Со мразулци годинава ќе биде накитена и чаршијата. Кружните текови на булеварот „Туристичка“ и кај гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе бидат разубавени со новогодишни фонтани. Инаку, за потребите на предновогодишниот базар Општина Охрид ова година набави десет типизирани дрвени куќарки наместо досегашните тезги. Како поддршка на локалните трговци што се соочија со економски тешкотии поради светската епидемија, општината донесе одлука во текот на базарот куќарките да бидат изнајмени промотивно и без надомест за закуп. аб/ир/

Остани поврзан