• сабота, 29 јуни 2024

Започна изградбата на спортскиот комплекс во населбата „Дворови“ во Велес

Започна изградбата на спортскиот комплекс во населбата „Дворови“ во Велес

Велес, 4 јануари 2024 (МИА) – Општина Велес започна со подготвителните градежни работи  за иградбата на спортскиот комплекс во населбата Дворови „Дворови“ во централното подрачје на Велес. Станува збор за реконструкција  на постоечките спортски терени  на кои имаше и атлетска таратан патека, а  кои  повеќе години  се руинирани и запоставени.

Како што информира  денеска градоначалникот Марко Колев проектот во населбата „Дворови“ во близина на Економското училиште кај Железен мост во централното подрачје на Велес, опфаќа изградба на спортски рекреативни површини за повеќе спортови и поставување на урбана  опрема.

-  Активности во овој спортско - рекреативен комплекс во населба Дворови започнаа и се очекува да завршат за неколку месеци.Со тоа, жителите од овој дел на градот ќе добијат ново омилено катче за спорт и рекреација, најави Колев.

Дополи дека средствата се обезбедени во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, преку кофинансирање на Општина Велес и Бирото за регионален развој. ад/ар/
Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан