• четврток, 18 јули 2024

Започна изградбата на нов објект за градинката „Орце Николов“ во Карпош 3

Започна изградбата на нов објект за градинката „Орце Николов“ во Карпош 3
Скопје, 6 септември 2021 (МИА) - Започна изградбата на нов објект на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3, со што ќе се зголеми капацитетот за згрижување за дополнителни 100 деца, информираат од Општина Карпош. Предвидено е отворање на четири групи во кои ќе се згрижат деца од 4 до 6 години. Во теренски увид на изведбените работи на новиот објект, денеска како што информираат од Општина Карпош, бил и градоначалникот Стефан Богоев, кој се осврнал и на проектите на општината за зголемување на капацитетите во градинките. - Сакам да истакнам дека ова е трет нов објект на градинка кој се прави во изминативе четири години. Претходно, нов објект доби градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 (објектот „Јасмин“), а целосно нова градинка направивме и во Бардовци. Со отворањето на овие два објекти на градинки ги зголемивме капацитетите за престој и едукација за 173 дечиња, повеќе од претходно, а со третиот таа бројка ќе се зголеми уште за сто дечиња. Вложувањето во детската заштита и во подобрување на условите во градинките беше наш приоритет изминативе години. Уверен сум дека грижата за најмладите во Карпош ќе продолжи и понатаму, рече Богоев., се вели во соопштението од Општина Карпош. Рокот за изведба на градинката е една година. За овој проект, како што информираат од Општина Карпош, склучен е Договор за користење на грант со Министерството за труд и социјална политика, во вредност од 28 милиони денари, кој го доделува Светска банка преку Проектот за подобрување на социјални услуги. аа/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан