• вторник, 25 јуни 2024

Запленети близу 37 000 пиротехнички средства во Кичево, приведено едно лице

Запленети близу 37 000 пиротехнички средства во Кичево, приведено едно лице
Скопје, 25 декември 2020 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија, вчера извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево, кај кого била пронајдена поголема количина пиротехнички средства. - При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства. Вкупно се запленети 36576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.  аа/сп/

Остани поврзан