• четврток, 04 јули 2024

Заменикот на Лавров во Белград на средби со претседателот Вучиќ и шефот на дипломатијата Ѓуриќ

Заменикот на Лавров во Белград на средби со претседателот Вучиќ и шефот на дипломатијата Ѓуриќ

Белград, 2 јули 2024 (МИА) - По вчерашните средби на заменик-министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко во Белград со министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вулин за безбедносни прашања, денеска Грушко имаше средби со претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи на Србија Милош Ѓуриќ, јави дописникот на МИА од Белград.

- Добар разговор со заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација Александар Грушко. Уште еднаш изразив благодарност до Русија за поддршката што и ја даде на Србија во однос на Резолуцијата за Сребреница во Обединетите нации и особено за нејзината поддршка за територијалниот интегритет на Србија во согласност со Повелбата на ОН. Ги разгледавме севкупните билатерални односи меѓу Србија и Руската Федерација и ги оценивме како многу добри, напиша Вучиќ во описот на фотографијата со Грушко на својот Инстаграм профил.

Заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација денеска имаше средба и со министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, на која се разговараше за политичко-безбедносната состојба во регионот, функционирањето на мултилатералните организации, како и актуелните предизвици во светот, соопштија од српското МНР.

- Министерот Ѓуриќ истакна дека постои традиционално пријателство и разбирање меѓу нашите две земји и два народи, и да тоа се одразува и на надворешнополитичките позиции на Србија, која иако стратешки е определена за полноправно членство во ЕУ, се стреми да ги зачува и подобри врските со пријателите и партнерите ширум светот, се наведува во соопштението.

Шефот на српската дипломатија во оваа прилика и се заблагодари на Руската Федерација за доследната поддршка за прашањето за Косово, како и во врска со други теми од државно и национално значење за Србија. об/ссм/

Остани поврзан