• вторник, 19 ноември 2024

Закана од Иран: Имаме дрон што може да го погоди кампот на МЕК кај Драч

Закана од Иран: Имаме дрон што може да го погоди кампот на МЕК кај Драч
Тирана, 2 октомври 2022 (МИА) - Заканувачката реторика на Иран кон Албанија, прогласена за непријателска земја поради режимот во Техеран, не престанува, јави Топ чанел. „Иранските железни беспилотни летала можат да ја погодат базата на Муџахедините од МЕК во Албанија“! Ова е насловот на уводникот на иранскиот портал „Front Page“, каде е цитиран напис од ирански владин весник. - Иранскиот портал објави дека, според државниот весник на Техеран, оваа земја има на располагање вооружени беспилотни летала „UAV“ кои не може да бидат фатени од радарите и со можност да ја погодат базата на иранската опозиција во Албанија, наведува телевизијата. Во написот стои дека иранските беспилотни летала и ракетните системи не се географски ограничени во однос на соседните земји. -Иран има расположливи капацитети, особено беспилотни летала, кои лесно можат да ја нападнат базата МЕК во Албанија. Иран има борбени беспилотни летала кои можат да патуваат подалеку од растојанието Иран-Албанија за да гаѓаат цели на напад, стои во написот. Иранскиот владин весник, повикувајќи се на Министерството за разузнавање, пишува дека опозицијата МЕК, засолнета во Албанија, има своја улога во масовните протести во последните неколку дена во неколку градови во Иран. -Иран си дава за право пред дејствијата на МЕК да ја таргетира нивната база, се наведува понатаму. Според Топ чанел во написот уште еднаш се појавува заканувачката реторика на Иран кон Албанија, а единствена причина е засолнувањето на околу 3.000 членови на иранската опозиција во 2016 година. Користејќи политичка уцена за оваа акција на владата на Рама, Иран од 15 јули па наваму беше вклучен во невидени кибер-напади врз албанските владини системи на онлајн услуги. Соочена со екстремната ситуација од овие напади, албанската влада одговори со исто толку екстремна мерка, прекинувајќи ги дипломатските односи со Исламската Република Иран на почетокот на септември. вт/ссм/

Остани поврзан