• недела, 17 ноември 2024

Заеднички воени вежби на САД и Филипини во Јужнокинеското Море

Заеднички воени вежби на САД и Филипини во Јужнокинеското Море

Вашингтон, 15 октомври 2024 (МИА) - Вооружените сили на САД и Филипини денеска почнаа големи заеднички воени вежби во кои исто така учествуваат Австралија, Велика Британија, Јужна Кореја и Јапонија.

На меѓународните воено-морски маневри, наречени Kamandag, што на филипински (филипино) значи „Соработка на морските воини“, ќе учествуваат повеќе од 2.000 американски војници.

Вежбите ќе се оджат во неколку региони, вклучувајќи во близина на Тајван и Јужнокинеското Море, и ќе траат до 25 октомври.

Кина вчера одржа  воени вежби во близина на Тајван што беа осудени од Вашингтон и Тајпеј.

Планот за маневрите на САД, Филипини и сојузноците, вклучува десантни вежби, борбени стрелби и обезбедување хуманитарна помош, изјавија филипинските воени сили.

-Kamandag е повеќе од обична одбрана. Станува збор за градење доверба, развивање соработка и зајакнување на партнерските односи, кои ни овозможуваат да го поддржиме мирот и стабилноста во Индотихоокенскиот регион, изјави на отворањето командантот на Морската пешадија на Филипини генерал-мајор Артуро Рохас.

Согласно Договорот за меѓусебна одбрана, САД и Филипини веќе неколку децении одржуваат заеднички вежби. кб/сд/

Остани поврзан