• недела, 22 декември 2024

Заев: Нормално е да се донесат сите храбри одлуки кога не калкулирате со политичката кариера 

Заев: Нормално е да се донесат сите храбри одлуки кога не калкулирате со политичката кариера 
Крива Паланка, 12 октомври 2021 (МИА) - Доаѓа времето кога Крива Планка ќе им држи лекции на останатите општини во Северна Македонија. Најголемата германска гринфилд инвестиција во Северна Македонија, 415 мегаватна електрана во вредност од околу 520 милиони евра од делот кај Куманово до Крива Паланка, „Вирови“ ќе биде најголемиот ветерен парк, кој ќе создава над 400 мегавати струја што е приближно колку производството на два од трите блока во РЕК Битола. Тоа значи дека младите ќе останат да работат, а и општинскиот буџет на Крива Паланка ќе добие повеќе пари. Ова е зелената агенда - систем кон обновливи извори на енергија, за поголемо производство на струја, изјави вечерва во Крива Паланка   лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заевна на митингот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. -Пола милијардна евра капитална инвестиција во зелена енергија. Ветерниот парк „Вирови“ ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија и најголем ветерен парк во Западен Балкан. За Паланка и регионот ова е историска инвестиција. Ќе значи отворање на нови зелени работни места коишто секаде во светот се платени по илјадници евра. Сето тоа ќе задржи многу млади овде, току во Крива Паланка, а само буџетот ќе инкасира на Крива Паланка од комунален надоместок стотици и стотици илјади евра за нови проекти, за нови улици, за нови водоводи, за нови канализации, нови паркови, нови плоштади, поубав живот. Е ова е зелената агенда, ова е трансформација на македонскиот енергетски систем, систем кој се ориентира кон обновливи извори на енергија за почист воздух и животна средина, за повеќе нови инвестиции, за поголемо производство на домашната електрична енергија.  И на ова мислиме кога зборуваме за најдоброто, најдоброто за Крива Паланка, најдоброто за Истокот, најдоброто за нашата татковина, рече Заев.  
Фокусот, рече Заев, го насочивме кон инвестиции во патната и комуналната инфраструктура затоа што таа е моторот на економскиот развој, тоа е видливо особено во овој крај, овде во Крива Паланка и овој регион. Посочи дека во овие четири години наназад само во североисточниот регион во патната желензичката комуналната инфраструктура и другите проекти вложени се над 700 милиони евра. Реализирана е реконструкција со рехабилитација и доградба на третата лента на државен пат Крива Паланка – Деве Баир во должина од 13 километри, се рехабилитираа 6,9 километри од патна делница Узем – Тораница, како и патот Крива паланка – Огут, а посебно ја извои изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка во должина од 25 километри, инвестиција вредна 58,5 милиони евра финансирана од Светска Банка. Се гради и пругата Бељаковце – Крива Паланка, како и пругата Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир.
-Ова се реални, капитални инвестиции кои не само што го унапредуват квалитетот за живот, туку и отвораат сериозни можности за локален економски раст.Само во овој дел на нашата земја ако се земат предвид патната и железничката инфраструктура, имаме проекти кои се во вредност од над 700 милиони евра. Тоа се огромни средства кои до пред некоја година беа мисловна именка за овој крај,  истакна Заев.
СДСМ и Владата, доаде тој, во изминатите четири години постигнаа бројни успеси на домашен и на меѓународен план. -Ја вративме државата на вистински пат, го зацврстивме македонскиот јазик, станавме членка на НАТО, денес сме држава признаена од целиот свет. Дома ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, изградивме капитални инвестиции кои го подобруваат животот на народот - 60 детски градинки, над 80 училишта, 34 болници, плоштади објекти и проекти вредни повеќе од 500 милиони евра. Општините беа во долгови ги радолживме со над 50 милиони евра и над 7000 проекти. Инвестиравме во патната на инфраструктура, затоа што тоа е важно за развојот, се гради пруга, експресни патишта кои даваат сериозни можности за економски локален развој, само во овој дел имаме проекти кои се во вредност од над 700 милиони евра кои до пред некоја година беа мисловна именка за овој крај, кој за жал со децении беше заборавен од власта, рече Заев.   И додека ние носиме историски инвестиции, додека позитивно ја трансформираме секоја општина, додека обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, рече, се прашуваат дали е ова нормално. -Нормално е брат. Нормално, го има секој ден. Германската амбасадорка беше овде да потврди, договорот е постигнат и ова е нормално. И 300 отсто социјална помош што поделивме е нормално. И покачени плани за 6.300 денари во просек во државата е нормално. И покачени плати за 35 проценти на здравствениот персонал е нормално. Нормално е наше секојдневие покачените плати и на учителите и наставниците. Нормално е во државата да се покачуваат платите и на вработените во центрите за социјална работа, во негователните и воспитачите во детските градинки, вработените во културата, во Армијата, во полицијата. Нормално е да поделите 10 милиони евра ваучери на спортските клубови. Нормално е да реализирате и да ги поддржите општините со преку 550 милиони евра проекти затоа што е нормално да инвестирате во својот народ, да инвестирате во инфраструктурата, вели Заев. Нормално е да се донесат сите храбри одлуки кога, како што вели, не калкулирате со својата политичка кариера.  -Нормално е заради тоа што знаете дека политичарите доаѓаат и си одат, но важен е народот, важна е државата, важна е општината, важни ни се младите, децата. Нормално е секаде во светот така се прави, се носaт храбри одлуки, да се штити тоа што е важно за нацијата. Се носи комплетно пријателство за да носите инвестиции овде, истакна Заев.   Тој му порача на лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ќе биде поразен на изборите во недела и во Крива Паланка и во Источниот регион и низ целата држава. -И на Христијан Мицкоски му е совршено јасно дека со својот реден број 7 ќе загуби по седми пат, а уште сега си бара веќе алиби. Ништо не призна, ништо не испочитува. Почна да глуми баба Ванѓа па без никакво покритие не се согласува ни со КОВИД-мерките, ни со судски одлуки, ни со експертските извештаи, ни со валидноста на пописот, а еве го уште сега вели дека на изборите в недела ќе имало поткуп, ќе имало закани и притисоци и што ли уште не. Денеска и од Белиот дворец се обидоа преку конструкции да најдат алиби за поразот во Битола. Замислете, тие што носеа човечиња, што пукаа и кршеа гласачки кутии, што на различни начини ги спречуваа луѓето да одат на гласање за сметка на оние кои гласаа со различни лични карти во повеќе општини истите тие сега знаат како ќе било во недела. Само во едно се согласувам со Мицкоски, а тоа е кога вели не сме сите исти. Е не сме. Ние организираме фер, слободни и демократски избори, а ВМРО-ДПМНЕ 11 години поткупуваше, заплашуваше гласачи, рече Заев. За Крива Паланка, нарекувајќи ја еден од најголемите бастиони на СДСМ, додаде тој, го имате вистинскиот избор, избор кој е праведен, кој ќе ги задоволи вашите потреби и барања и кој гарантира прогрес на општината во која живеете.   -Тој вистински избор е Сашко Митовски за градоначалник на општина Крива Паланка. Тој е вистински избор и советничката листа на СДСМ и коалицијата предводена од Павловска. Тоа се луѓето кои на најдобар можен начин на довербата возвраќаат со доверба. Сега најдоброто доаѓа Сашко, доаѓа и Изабела и оваа прекрасна советничка листа, доаѓа времето кога Крива Паланка ќе држи уште многу лекции за други општини во Македонија. Од 17 октомври па натаму секој нареден ден се повеќе и повеќе ќе бидете сведоци дека навистина е така. Граѓаните го бираат најдоброто, го бираат бројот 12, порача Заев пред кривопаланчани. вг/лв/  

Остани поврзан