• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка

Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка

Скопје, 6 април 2025 (МИА) - Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18.00 часот се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови возила, соопштија денеска од ЈП „Македонија пат“.

Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 16:20 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, а од 17.00 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“.бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан