• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Загреб ќе бара од Белград образложение за протерувањето хрватски граѓани, најавува хрватскиот амбасадор во Србија

Загреб ќе бара од Белград образложение за протерувањето хрватски граѓани, најавува хрватскиот амбасадор во Србија

Белград, 10 април 2025 (МИА) - Остра дипломатска нова се очекува Загреб да му испрати на официјален со барање да го оправда протерувањето хрватски граѓани од Србија, јавија српските медиуми пренесувајќи изјава на Хидајет Бишчевиќ, хрватски амбасадор во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. 
Дипломатскиот чекор ќе се преземе откако завчера српските власти наредија хрватска државјанка која повеќе од една деценија живее во Белград со своето семејство да ја напушти земјата бидејќи, како што нагласуваат во одлуката - Ариен Ивковиќ Стојановиќ е „безбедносен ризик“. 

Според податоците на хрватската амбасада, во изминатите три и пол месеци 12 хрватски државјани добиле решение за протерување од Србија. Меѓу нив е и шефот на претставништвото на Хрватската стопанска комора во Србија.

„Овој последен случај на г-ѓа Ивковиќ Стојановиќ е особено чувствителен, бидејќи неминовно ќе го погоди целото семејство“, вели хрватскиот амбасадор во Србија во изјава за РСЕ.

Хрватскиот амбасадор Хидајет Бишчевиќ вели дека дипломатската мисија нема како да и помогне на Ариен Ивковиќ Стојановиќ.

„Ништо не можеме да направиме. Нема правен или политички начин да се оспори таа одлука и таа ќе биде принудена да ја напушти земјата“, вели Бишчевиќ.

Ариен Ивковиќ Стојановиќ живее во Белград во последните 12 години. Таму дипломирала на Медицинскиот факултет и основала семејство со српски државјанин. Во решението кое и е врачено на 8 април, стои дека на Ариен Ивковиќ Стојановиќ и е ускратено правото на привремен престој што и било одобрено до февруари 2027 година. Исто така, и е изречена забрана за влез во државата во траење од една година.

Како што се наведува во образложението на оваа одлука, на 4 април до Управата за странци е пристигнат акт во кој е наведено дека безбедносните служби доставиле оценка дека престојот на хрватскиот државјанин „претставува неприфатлив безбедносен ризик“.
Таа добила наредба да ја напушти територијата на Србија во рок од седум дена.
Претходно за телевизијата Н1 таа изјави дека не разбира зошто е избркана, но претпоставува дека безбедносните служби донеле ваква проценка поради нејзиното повремено учество во студентските протести за време на блокадата.

Според амбасадорот Хидает Бишчевиќ, зачестеноста на протерувањата на хрватските граѓани укажува на тоа дека српските институции се насочени кон Хрватска, што, според него, е загрижувачко.

„Во координација сме со Министерството за надворешни работи во Загреб и ќе испратиме остра нота со барање објаснување за таквото однесување“, вели хрватскиот амбасадор.

Хрватските власти ги предупредија граѓаните да не одат во Србија доколку не мораат
Тој истакнадека хрватските функционери не се мешаат во внатрешните работи на Србија од почетокот на протестите во Србија.

„Хрватското општество е демократско општество. Јас како амбасадор можам да побарам од моето министерство да даде препорака граѓаните со зголемена доза на претпазливост да одат во Србија, за деловни или приватни цели, а не да се вклучуваат во јавни манифестации овде. Но, не можам да забранам некому да го каже своето мислење на социјалните мрежи“, вели Бишчевиќ.

Катарина Голубовиќ од невладиниот Комитет на адвокати за човекови права (ЈУКОМ) вели дека хрватски државјанин има право на жалба против ваквата одлука, но дека жалбата не го одложува извршувањето.
„Фактот дека Ариен Ивковиќ Стојановиќ водела семеен живот во Србија, без никакви индикации дека учествувала во извршување на какви било кривични дела, за Катарина Голубовиќ е сигнал дека одлуката за одземање на привремениот престој на хрватска државјанка е политичка...Особено затоа што самото решение нема јасно објаснување“, вели Голубовиќ.
Во јануари 2025 година, учесниците на работилницата организирана од Фондацијата „Ерсте“ во Белград беа протерани со образложение дека претставуваат безбедносен ризик.
По тој случај, Хрватска упати протестна нота до Србија.
Покрај тоа, највисоката влада на Србија ја обвини Хрватска дека се обидува да ја собори владата преку тајната служба и студентските протести.

На крајот на декември 2024 година, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за влијанието на хрватската разузнавачка агенција на ниво на невладиниот сектор во Србија и дека сето тоа директно или индиректно било поддржано од западните разузнавачки агенции, како од Европа, така и од САД. Вучиќ во таа прилика не понуди никаков доказ за тие тврдења, наведува РСЕ.

Во Србија со месеци се одржуваат протести и блокади на факултетите, а студентите бараат одговорност за смртта на 16 лица при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Катарина Голубовиќ предупредува дека протерувањето на хрватските државјани може да има негативни последици и за српските граѓани во Хрватска, доколку официјален Загреб примени реципрочни средства.

Од Србија овој месец беше протеран и италијанскиот државјанин Давид Мартела кој на 5 април, свиреше на клавир за време на петчасовната блокада организирана од студенти во Ниш.зш/

Остани поврзан