• петок, 22 ноември 2024

Загинаа 15 мигранти во потонат чамец во близина на грчкиот остров Лезбос

Загинаа 15 мигранти во потонат чамец во близина на грчкиот остров Лезбос
Атина, 6 октомври 2022 (МИА) – Во потонат чамец источно од грчкиот остров Лезбос, загинале 15 мигранти, а спасени се пет, додека во тек се две спасувачки акции на грчката крајбрежна служба, едната во близина на Лезбос, другата во близина на островот Китира, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, биле информирани за потонат чамец во близина на Лезбос, по што започнала акцијата, под тешки услови, поради лошото време и силниот ветер и биле извлечени безживотните тела на 15 лица, пет биле спасени, три лица се заглавени во карпест дел, а според изјавата на мигрантите, на чамецот имало околу 40 лица. Во тек е спасувачка акција и во близина на островот Китира, каде што едрилица со мигранти удрила во карпа и преку бројот за итни случаи 112 доцна синоќа била побарана помош, а според грчката новинска агенција АНА-МПА веќе се спасени 80 лица. ср/

Остани поврзан