Завршна конференција за превенција и заштита од родово базирано насилство: Заедно со жените и девојки Ромки кон институционални промени
- СООПШТЕНИЕ - Денес во Европска куќа, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ од Скопје ја организираше завршната национална конференција посветена на превенцијата и заштитата од родово базирано насилство врз жените и девојчињата Ромки, со присуство на над 70 претставници од институции, амбасади, меѓународни организации, граѓански организации, активисти и млади.
Скопје, 17 јули 2025
Денес во Европска куќа, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ од Скопје ја организираше завршната национална конференција посветена на превенцијата и заштитата од родово базирано насилство врз жените и девојчињата Ромки, со присуство на над 70 претставници од институции, амбасади, меѓународни организации, граѓански организации, активисти и млади.
Настанот се одржа во рамки на проектот „Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство“, којшто ЛУЛУДИ го имплементираше периодот 2022-2025г., со финансиска поддршка од UN Trust Fund to End Violence against Women.
-Нашата мисија, која започна во 2022 година со поддршка од UN Trust Fund, не беше лесна. Но беше искрена, храбра и водена од длабока верба дека секоја жена и девојка заслужува да живее слободна од насилство, со еднаков пристап до правда, поддршка и почит. Во изминатите три години, преку проектот што го имплементираше Ромската асоцијација „Лулуди“, вложивме труд, љубов и соработка за да создадеме простор каде гласовите на жените и девојките Ромки не само што се слушаат – туку се почитуваат и водат кон конкретни институционални промени.Денес не сме тука само да заокружиме една фаза. Тука сме да ја прославиме моќта на солидарноста, да споделиме резултати, научени лекции и да продолжиме да градиме иднина во која родово базираното насилство ќе биде минато, а не реалност, изјави во својот воведен говор Кјмет Амет, Претседателка на РАЖМ „Лулуди’.
Во фокусот на конференцијата беа резултатите од имплементацијата на проектот, чија цел беше подобрување на пристапот до поддршка за жени и девојки Ромки кои се жртви или во ризик од родово базирано насилство и дискриминација.
Дел од клучните достигнувања од проектот:
Ø Воспоставен е првиот достапен центар на ромски јазик - Центар за поддршка на жени и девојки во ризик и жртви на родово базирано и семејно насилство „Нана“ (февруари, 2023г.). Резултати на Центарот „Нана“:
- 363 жени и девојки добиле поддршка или услуга преки Центарот за поддршка на жени и девојки во ризик и жртви на родово базирано и семејно насилство „Нана’
- Над 110 специјализирани сервиси опслужени
- 61 жени и девојки кои преживеале насилство, во континуитет добиле поддршка од стручниот тим на Центарот „Нана“.
- Над 33 спроведени информативни и едукативни средби и сесии со жени и девојки
- Повеќе од 150 телефонски јавувања
- 93% од жените и девојките од ромската заедница и други маргинализирани групи пријавија зголемено разбирање за нивните права, различните форми на РНБ и достапните начини за пристап до локални и национални услуги.
- 3 жени известиле дека се вработиле по сесиите и средби со тимот на Центарот
-Денес ги презентираме резултатите од Центарот за поддршка на жени и девојки во ризик и жртви на родово базирано и семејно насилство „Нана“ - кој е прв центар од ваков тип кој нуди сервиси и поддршка на ромски јазик - вели Инес Џемаил, Проектна координаторка во РАЖМ „Лулуди’. Овој центар го воспоставивме од согледување на фактичката состојба на терен односно по согледување на потребите на жените и девојки Ромки да им се овозможи директно давање на специјализирани сервиси и поддршка на ромски јазик, особено тргнувајќи од фактот дека жените и девојките Ромки често се соочуваат со дискриминаторски пристап од дел од заедницата, како и при процесот на остварување одредено право. Овој Центар е создаден од жени Ромки за жени Ромки – за да обезбеди безбеден, доверлив и културолошки сензитивен пристап до поддршка.“
Други активности и постигнати резултати:
Ø Зајакнати капацитети и напори за застапување за заштита и превенција на насилството врз жени и девојки Ромки
Ø Спроведени 2 кампањи на локално и национално ниво, низ 8 општини во Македонија, со цел општото население со особен фокус на жени, девојки и млади од ромската заедница, како и од други маргинализирани групи, одблиску да се информираат за постојните сервиси, начините на пристапување кон истите на локално и национално ниво, како и подигнување на нивото на едукација за своите права за заштита, превенција и спречување на родово базирано насилство.
Ø Спроведен мониторинг процес и креирани два извештаи во сенка со препораки: Извештај од спроведен мониторинг на ЦЕДАВ и Истанбулска конвенција, со главен осврт на жени и девојки Ромки. „Овој мониторинг овозможи систематска проценка на прогресот и предизвиците во имплементацијата на меѓународните стандарди, со цел да се придонесе кон подобрување на институционалниот одговор и јавните политики за родова еднаквост и заштита од родово-базирано насилство.“
По презентирање на проектните резултати и наодите од мониторинг извештаите, следеше панел дискусија насловена: Поддршката од институциите и меѓусебната соработка клучна за превенција и заштита на жените и девојки Ромки од родово-базирано и семејно насилство. На панел дискусијата учествуваа: г-ѓа Мабера Камбери од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Игор Јадровски од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Љубица Томиќ - Советничка во Кабинетот на Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми 2022-2030, г-а Џеннет Велиу - Советничка на Министерот за Здравство, при Министерство за здравство, г-а Имирзат Селим - Инспектор по ЈРМ и превенција, Полициско одделение Шуто Оризари .
За повеќе информации, контактирајте:
Инес Џемаил, РАЖМ „Лулуди“
_____________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки