Завршна декларација: Лидерите на Г7 се обидуваат да ги спречат нападите врз нивните демократии
- Лидерите на напредните светски индустриски демократии се обидуваат подобро да ги спречат нападите врз нивните демократии, рекоа тие денеска во завршната декларација по самитот на Групата седум (Г7), јави ДПА.
Бари, 14 јуни 2024 (МИА) - Лидерите на напредните светски индустриски демократии се обидуваат подобро да ги спречат нападите врз нивните демократии, рекоа тие денеска во завршната декларација по самитот на Групата седум (Г7), јави ДПА.
-Во годината во која милиони ширум светот ги избираат своите лидери и претставници, ја потврдуваме нашата посветеност да ги заштитиме демократските вредности и човековите права, велат тие.
Г7 изрази „повеќе од кога било загриженост“ за манипулациите и мешањето во демократските институции и изборите и ја потврди својата посветеност за заштита на основните вредности и човековите права, дури и во услови на брзиот развој на новите технологии.
Оваа година ширум светот се одржуваат особено голем број избори, истакнаа лидерите, додавајќи дека низа партии се обидуваат со „кампањи за обид за мешање, злонамерни кибер активности и транснационална репресија колективно да ги поткопаат суверенитетот и демократските вредности“.
Меѓу Г7, овогодинешниот изборен календар ги вклучува членките на ЕУ Германија, Франција и Италија, плус Велика Британија и САД. Сепак, избори се одржаа и во Индија, најнаселената демократија во светот.
Г7 вети дека ќе одговори на „заканите преку практики за почитување на човековите права и со поддршка на слободата на изразување и слободни, независни и плуралистички медиуми“.
Завршниот документ не ги наведува адресатите на обвинувањата, иако Русија беше критикувана дека се обидува да влијае на резултатите од изборите, наведе ДПА. мс/
фото: ДПА