Заврши со асфалтирање првата фаза од регионалниот пат клучка Стари Град - Извор
- Со поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), во Општина Чашка заврши со асфалтирање првата фаза од регионалниот пат клучка Стари Град - Извор во должина од 1,2 километри и ширина на асфалтна коловозна лента од шест метри, информира градоначалникот Горан Стојановски.
Велес,12 април 2023 (МИА) - Со поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), во Општина Чашка заврши со асфалтирање првата фаза од регионалниот пат клучка Стари Град - Извор во должина од 1,2 километри и ширина на асфалтна коловозна лента од шест метри, информира градоначалникот Горан Стојановски.
Како што појасни, асфалтирањето е согласно програмата на ЈПДП, за оваа цел се обезбедени 15 милиони денари. Изведувач на активноста е ЈП „Македонија Пат“ подружница Велес.
-Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи со градежни активности со цел подобрување на патната инфраструктура и условите за живеење на месното население, најави Стојановски. ад/мс/