• понеделник, 23 декември 2024

Заврши седмата сесија на Младинската керамичка работилница во кичевско Вранештица

Заврши седмата сесија на Младинската керамичка работилница во кичевско Вранештица
Кичево, 23 август 2021 (МИА) - Заврши со работа тридневната седмата сесија на Младинската керамичка работилница во кичевското село Вранештица, на која учествуваа дванаесет ученици од три средни училишта, од кои две од градот домаќин Кичево и едно од главниот град. - Вчера попладне заврши со работа првата фаза од Младинската керамичка  работилница во село Вранештица , на која зедоа учество ученици од  Државното училиште за уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје, ОСУ„ Мирко Милески“ и ОСУ„ Дрита“ Кичево, предводени од нивните ментори професорите Филип Фиданоски, Мирослав Крстески и Селиме Османи. Целокупните активности се одвиваа во работилницата на мајсторот грнчар Слободан Столески, рече Мазлам Османи, директор на Центарот за Култура од Кичево, генерален покровител на оваа манифестација, кој финансиски ја поддржа со 150 000  денари и Министерството за култура на С Македонија. Професорот ментор Фили Фиданоски од Скопје, наведе дека учениците биле креативни и во трите дена создале над 30 творби од керамика. - Во трите дена учениците од трите средни училишта изработија над 30 предмети од глина, покажаа голема креативност и инвентивност.Во втората фаза од оваа работилница следи печење на изработените предмети и  нивно декорирање а во третата и завршна фаза , овие изработки ќе бидат претставени на изложбите што ќе се организираат во Кичево, Скопје и други градови во земјава, истакна професорот Фиданоски. Во саботата работилницата ја посети министерката за образование и наука Мила Царовска, која се интересираше за процесот на производсво, а и самата седна на грнчарското тркало да формира еден производ. за/цр  

Остани поврзан