Заврши реконструкцијата на зградата на Средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино
- Со 109.240 евра извршена е реконструкција на зградата на СОУ „Св. Кирил и Методиј", информираше вечерва неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, на неговата фејсбук страница.
Неготино, 11 ноември 2023 (МИА) - Со 109.240 евра извршена е реконструкција на зградата на СОУ „Св. Кирил и Методиј", информираше вечерва неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, на неговата фејсбук страница.
- На пригодна свеченост што се одржа во просториите на училиштето, беше означено завршувањето на реконструкцијата на зградата. Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Општина Неготино и добротворната фондација „Тиекс" за реновирање на зградата на училиштето и подобрување на условите за одвивање на образовно-воспитниот процес, во изминатиот период се одвиваа градежни активности, соопшти Стојанов.
Тој појасни дека биле извршени поправки и изолација на централниот покрив на училиштето, поставување на галериски прозорци и поправка и молерисување на ѕидовите.
- Од мое лично име како градоначалник и од име на Општината Неготино упатив јавна благодарност до донаторот, со надеж дека соработката ќе продолжи и на други полиња, нагласи градоначалникот на Неготино. свд/вг/
Фото : ФБ на градоначалник Горан Стојанов