• вторник, 16 јули 2024

Заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Филип Стоичов" во Делчево

Заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Филип Стоичов

Делчево, 6 август 2023 (МИА) - Екипата на Хотел Панорама е победник на вториот Меморијален турнир во мал фудбал Филип Стоичов кој во изминатите неколку дена се играше во Делчево. Во финалето победничката екипа го совлада тимот на Ривер/Амбасадор со 3:1. Претходно во натпреварот за 3 место, ПАБ Делчево ја совлада екипата на Либеро со 4:0.

 

Паричната наградата и пехарот за најдобар играч на турнирот му припадна на Гоце Ѓорѓиевски од екипата на Хотел Панорама, додека пехар за најдобар голман му беше доделен и на Младенчо Стоименовски

 

Првопласираната екипа како награда од организаторот доби парична награда од 60.000 денари, Ривер/Амбасадор како второпларисиран тим освои 30.000 денари, додека за третопласираната екипа беа одвоени 10 илјади денари од наградниот фонд.

 

Организаторите се заблагодарија на сите кои беа дел од меморијалниот турнир во чест на Филип Стоичов, упатувајки посебна голема благодарност до сите спонзори. Сите средства кои беа собрани ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

Во чест на прерано починатиот Филип Стоичов учесниците во финалето денес ќе одиграат ревијален натпревар во негова чест на игралиштето во село Град од каде потекнува Стоичов. вс/

 

Фото: МИА

Остани поврзан