Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт, донесени се повеќе одлуки
- Со одржување на работилница на темата „Уставна контрола на уставните измени", завршија работните сесии од 10. конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт, по што се одржа Генералното собрание на ACCF, соопштија денеска од Уставниот суд.
Скопје, 8 мај 2025 (МИА) - Со одржување на работилница на темата „Уставна контрола на уставните измени", завршија работните сесии од 10. конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт, по што се одржа Генералното собрание на ACCF, соопштија денеска од Уставниот суд.
Делегацијата на Уставниот суд на Република Северна Македонија , кој е член на ACCF, беше предводена од претседателот Дарко Костадиновски. Тој како еден од говорниците на работните сесии, своето обраќање го посвети на темата „жив конституционализам”.
-На Генералното собрание, новото претседателство на Уставниот суд на Романија ја презентираше Програмата за следните три години (2025-2028). Темата „уставна демократија” ќе биде во фокусот на новото раководство. Избрано е новото Биро на ACCF, усвоени се измени на Статутот и Внатрешните правила на Асоцијацијата и усвоен е Етичкиот кодекс за уставните судии, се вели во соопштението на Уставниот суд.
Со мнозинство гласови од присутните претставници, Генералното собрание ја усвоило апликацијата на Уставниот суд на Косово за зачленување во Асоцијацијата на франкофонските уставни судови.бт/aa/
Фото: Уставен суд