• понеделник, 23 декември 2024

Завршени бетонските работи долж оската на браната на Отиња и на отточниот цевковод

Завршени бетонските работи долж оската на браната на Отиња и на отточниот цевковод
Штип, 2 јуни 2022 (МИА) – Од изградбата на браната на река Отиња досега се завршени бетонските работи долж оската на браната и на отточниот цевковод, а во наредниот период се предвидени повеќе активности, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. При увид на активностите на терен тој се информираше за текот на работите од изведувачот и  од надзорниот орган  истакнувајќи дека е исклучително задоволен од динамиката со која што се гради браната. -Во наредниот период во делот на темелот ќе се работи на левиот и десниот брег, а паралелно со тоа ќе тече и изградбата на отточниот цевковод кој се поставува врз изготвена бетонска плоча. Цевководот е со профил од ф 1.700 и неговата должина е 165 метри. Вкупната инвестициска вредност на овој многу значаен и голем проект за градот и за Штипскиот регион изнесува 306 милиони денари. Владата преку Министерството за транспорт и врски и понатаму продолжува со поддршка на општините за што се гледа и на терен дека имаме реализација на бројни капитални проекти кои се финансираат од државниот буџет, изјави Бочварски. Како што соопшти, преку Министерството за транспорт и врски се врши избор на на компанија која што ќе ја изведува оградата на река Отиња. По изборот на надзорниот орган за којшто постапката е веќе во тек очекува во текот на јуни да започне поставувањето на оградата и на другата страна на коритото на  Отиња со средства исто така средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски. Оградата ќе се простира од седиштето на ЈП „Исар“ па се до вливот на Отиња во Брегалница. И на експресниот пат Штип – Кочани, според Бочварски, се работи  исто така со одлична динамика. Неговиот прогрес на работите е околу 80 проценти и очекуваме во текот на оваа есен да привршат градежните работи и на овој експресен пат, рече Бочварски. Министерот информира и дека во општина Штип преку Проектот за поврзување на локални улици и патишта се инвестира во реконструкција на пет локални улици во градот што значително го подобруваат сообраќајот и ја подигнуваат безбедноста на граѓаните. Улицата „Панче Караѓозов“ е целосно завршена, додека крстосницата во населбата Сењак се работи интензивно и се очекува да биде завршена во текот на овој месец. За останатите три улици, „Солидарност“, „5 Конгрес“ и „Браќа Даневи“, е завршена постапката за избор на изведувач, а во најскоро време, како што најави, ќе биде избран и надзорниот орган по што изведувачите ќе бидат воведени во работа. Тој повтори дека изградбата на крупните капитални проекти продолжува со несмалено темпо и оти реализацијата на сите почнати проекти се одвива без прекин. лв/вдј/

Остани поврзан