• вторник, 26 ноември 2024

Забрана за движење на возила на патот Берово - Беровско Езеро, укината забраната за тешки товарни возила на патот Делчево - граничен премин Делчево

Забрана за движење на возила на патот Берово - Беровско Езеро,  укината забраната за тешки товарни возила на патот Делчево - граничен премин Делчево

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово - Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег, соопшти АМСМ

Од 08.45 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на магистрален пат А3 Делчево - граничен премин Делчево.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка задолжителна е употребата на зимска опрема (синџири), поради снежни врнежи и силен ветер кој прави намети, информираат од ЈП „Македонија пат“. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан