• петок, 20 декември 2024

ЖФК Љуботен ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната

ЖФК Љуботен ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната

Тетово, 23 јануари 2023 (МИА) - Денеска напладне, под „раководната палка“ на тренерот Ивица Радоњиќ, актуелниот македонски шампион и есенски лидер, ЖФК Љуботен ги започна подготовките за пролетниот дел. На првиот работен состанок, раководството на тимот - Драгољуб Јовановски, Перо Јовановски и Ивица Богдановски, порача дека главна цел е одбрана на шампионскиот трон, што носи нова шанса за излез во Европа, поточно во Лигата на шампионите.

- Во однос на играчкиот кадар кој ја освои есенската титула, единствено ќе недостасува Сања Ратковиќ, која кариерата ја продолжи во Полска. Но, затоа раководството експресно реагира и веќе го најави првиот трансфер во името на Бојана Петкова, а до крај на преодниот рок, актуелниот шампион ќе биде посилен за уште една до две домашни репрезентативки, како и едно странско засилување со што веруваат дека заедно ќе го изодат шампионскиот пат, информираше Ивица Радоњиќ.

Екипата ќе одигра четири до пет контролни натпревари, дел домашни и неколку меѓународни. На 1 февруари, Љуботенки ќе гостуваат во соседна Србија, во Ниш на дуел со екипата на ЖФК Машинац, а на 8 ќе се домаќини на КФФ Митровица од Косово. На 11 февруари, актуелниот македонски шампион ќе се „тестира“ против сениорската репрезентација на Македонија. ас/бд/

Остани поврзан