• петок, 05 декември 2025

Жител на кавадаречко село пријавил физички напад од братот

Жител на кавадаречко село пријавил физички напад од братот

Кавадарци, 13 октомври 2025 (МИА) - Жител на кавадаречко село во текот на вчерашниот ден пријавил физички напад од братот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Според евидентираното, вчера во 12:21 часот во ОВР - Кавадарци, 36-годишно лице од кавадаречко село пријавило дека во домот дошол неговиот брат и физички го нападнал. 

Од Секторот за внатрешни работи - Велес потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан