• понеделник, 23 декември 2024

Жителите на велешкото Горно Оризари го проширија патот на влезот во селото

Жителите на велешкото Горно Оризари го проширија патот на влезот во селото

Велес, 30 март 2021 (МИА) - Жителите на велешкото село Горно Оризари изминатиот викенд со сопствени средства го проширија патот од Железничкиот премин до влезот во селото, што беше тесно грло.

За асфалтирање на 450 метри квадратни тие вложија од сопствените средства собрани од жителите од селото, поголемиот дел се од сожителите од дијаспората кои работат во Австрија, а кои секоја година организираат Оризарска хуманитарна вечер, информира за МИА Енвер Карталовиќ претседател на Месната Заедница на Горно Оризари и организатор на проектот.

Тој појасни дека се асфалтирани 450 метри квадратни, изграден е потпорен ѕид во должина од 60 метри и висина еден метар и вградени се 300 метри ивичњаци на патот.

-Овој пат е многу важен за жителите од Горно Оризари како за жителите на уште неколку велешки села бидејќи преку него се поврзани и поминуваат и жителите на селата Клуковец, Сливник, Чашка, а од овој пат поминуваат и жителите од Јаболчиште, Војница и Отиштино, појасни Карталовиќ.

Тој информира дека тие и претходно го проширувале, но останале непроширени уште 150 метри од патот

-Тоа беше тесно грло и  имавме потреба да се прошири, но и поради отсуство на помошта од локалната власт од која повеќе пати баравме тоа да го стори, ние  на крајот решивме сами со сопствени средства и работна сила и го реализиравме овој проект кој е во интерес на жителите, потенцира Карталовиќ.ад/бт/

Остани поврзан