• недела, 22 декември 2024

Женско е првото бебе родено годинава во болницата во Кавадарци

Женско е првото бебе родено годинава во болницата во Кавадарци

Кавадарци, 1 јануари 2024 (МИА) - Женско е првото бебе родено годинава во болницата во Кавадарци. Станува збор за внука на познатиот колекционер на стари автомобили Дионис Пашлаков од Неготино, за кого беше снимен и документарен филм. Сопругата на Пашлаков, Грозданка, рече за МИА, дека три години по неговата смрт, имаат среќна вест во семејството. 

- Малечката се роди тешка 3.150 грама, долга е 50 сантиметри. Таа е  прво дете на помалиот син Кирил и неговата сопруга Тања. Посакуваме многу здравје и среќа за неа, како што посакуваме многу здравје и среќа за сите луѓе во оваа нова година, нагласи Пашлакова. 

Таа додаде дека подмладокот во семејството Пашлакови, заедно со неа, се трудат да го одржат делото на Дионис и конечно вистински да проработи музејот за стари автомобили, што беше негов сон со децении и во кој има над 100 експонати. 

Малечката внукичка, рече Пашлакова, ќе биде само уште еден продолжувач на семејната љубов на Пашлакови, кон старите автомобили. свд/дма/


Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан