• понеделник, 23 декември 2024

Жена повредена од заталкан куршум во Тетово

Жена повредена од заталкан куршум во Тетово
Тетово, 14 јули 2022 (МИА) - Во тетовската полиција вчера било пријавено дека жена е повредена од заталкан куршум. Повредената жена била пренесена за укажување лекарска помош во тетовската Клиничка болница. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се расчистува и документира случајот. - Во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека 59-годишната тетовка С.Ш. во дворот пред семејната куќа на улица „ЈНА“ во Тетово била погодена од заталкан куршум, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. ас/цр  

Остани поврзан