• четврток, 21 ноември 2024

ЕУ одлучи да ја олесни хуманитарната помош за Сирија чиј режим е под санкции

ЕУ одлучи да ја олесни хуманитарната помош за Сирија чиј режим е под санкции

Брисел, 23 февруари 2023 (МИА) – Со оглед на сериозноста на хуманитарната криза во Сирија, која беше влошена од земјотресот, Советот на ЕУ денеска одлучи да усвои хуманитарен амандман за дополнително олеснување на брзата испорака на хуманитарна помош.

Измената се применува за период од шест месеци, соопшти денеска Советот на ЕУ.

Согласно амандманот, хуманитарните организации нема да мора да бараат претходна дозвола од националните надлежни органи на земјите-членки на ЕУ за хуманитарни цели. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан