• петок, 18 октомври 2024

Еурофарм Пелистер вечер и гостува на Висла Плок

Еурофарм Пелистер вечер и гостува на Висла Плок

Битола, 17 октомври 2024 (МИА) - Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечер гостува во Полска каде во спортската арена „Орлен“, ќе се сретне со домашниот шампион Висла Плок.

Пред средбата, ракометарот Жарко Пешевски најви неизвесен натпревар и желба за продолжување на успешната серија на клубот.

- Освоениот бод против Спортинг за нас е голема мотивација за следните натпревари во европската Лига на шампионите. Вечер гостуваме кај многу незгоден противник, одлична екипа со многу искусни интернационалци, со гранитна одбрана и искусни голмани. Ние се подготвувавме за натпреварот, ќе се обидеме да ги искористиме слабите страни на противникот, веруваме во супер неизвесен натпревар и очекуваме да продолжи нашата успешна серија, изјави Пешевски.

Дуелот меѓу Висла Плок и Еурофарм Пелистер почнува во 20:45 часот, а ќе го судат Дино и Амар Коњичанин од Босна и Херцеговина. мт/зс/

Фото: Еурофарм Пелистер

Остани поврзан