• понеделник, 23 декември 2024

ЕСМ до 20 ноември го продолжи рокот за потпишување договори за снабдување со струја по повластена цена

ЕСМ до 20 ноември го продолжи рокот за потпишување договори за снабдување со струја по повластена цена
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - АД ЕСМ до 20 ноември го продолжи рокот за поднесување документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември за дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта. Првично крајниот рок за поднесување на документацијата беше до утре. - Рокот за снабдување од 01.12.2022 година, за промена на снабдувач со комплетните документи е продолжен и потребно е тие да се поднесат до 20.11.2022 година, информираат од АД ЕСМ. Од компанијата нагласуваат дека АД ЕСМ ги подготви процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори за снабдување на дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и јавните училишта. -Тие се поставени на официјалната страна на АД ЕСМ на следниот линк: https://www.esm.com.mk/?p=14637 од каде засегнатите субјекти ќе можат да ги симнат, пополнат и потпишат и да ги испратат на соодветните мејл адреси кои се наведени во упатствата, како и до архивата на АД ЕСМ, велат од компанијата. вј/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан