• петок, 22 ноември 2024

Ердоган ја отфрли можноста за предвремени избори

Ердоган ја отфрли можноста за предвремени избори
Анкара, 12 јуни 2022 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денешната средба со турската младина ја отфрли можноста за распишување предвремени претседателски и парламентарни избори во Турција. - Опозицијата бара датум за избори. Изборите ќе се одржат во јуни следната година. Нема да има предвремени избори во ноември, рече Ердоган. Тој го повика опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу, првиот човек на Народно-републиканската партија, „прво да се подготви“ и да соопшти дали ќе се кандидира на претседателските избори. јт/

Остани поврзан