• недела, 22 декември 2024

Ердоган денеска е негативен по пет дена изолација поради Ковид-19

Ердоган денеска е негативен по пет дена изолација поради Ковид-19
Анкара, 10 февруари 2022 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој од саботата е во изолација откако беше заразен со коронавирусот, денеска бил негативен на тестот за Ковид-19, изјави неговиот лекар Серкан Топалоглу, јави Анадолија. Ердоган во саботата рече дека е позитивен на варијантата омикрон. - ПЦР тестовите што ги направивме во последните два дена се негативни, рече Топаглу и додаде дека турскиот претседателот ќе се врати на работа многу брзо, „можеби дури и утре“. јт/

Остани поврзан