• петок, 22 ноември 2024

ЕП во ракомет: Шеста победа во низа и за Норвешка

ЕП во ракомет: Шеста победа во низа и за Норвешка
Малме, 21 јануари 2020 (МИА) - Норвешката репрезентација ја запиша и шестата победа во низа на Европското првенство во ракомет за мажи, откако вечерва славеше и во скандинавската пресметка над Исланд со 31:28 (полувреме: 19:12).
Лидер во триумфот на Норвежаните беше Сандер Сагосен кој постигна девет гола, Олафур Андрес Гудмундсон на спротивната страна реализира пет. И покрај максималниот ефект на шампионатот, Норвежаните, сепак, сè уште немаат обезбедено полуфинале.
Во групата 2 во Малме постои можност на крајот да има три репрезентации со идентичен број на бодови. Вакво сценарио е можно доколку Унгарија ги добие преостанатите два меча, а Словенија во последното коло ја совлада Норвешка. Во тој случај, сите три тима ќе имаат по осум бода, па гол разликата ќе решава за патниците во полуфинале.
Такви дилеми нема во групата 1 во Виена од каде Хрватска и Шпанија се селат во најдобрата четворка на шампионатот. Утре попладне (16 ч.) низ меѓусебен дуел ќе одлучуваат за победник во конкуренцијата. сѓд/

Остани поврзан