• понеделник, 15 декември 2025

Енрике за победата над Арсенал: Можеше да биде и подобро и полошо

Енрике за победата над Арсенал: Можеше да биде и подобро и полошо

Лондон, 30 април 2025 (МИА) - Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике ја коментираше победата над Арсенал (1:0) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

- Кога емоциите се големи, тешко е да се анализира играта. Се обидовме да играме на свој начин, го постигнавме првиот гол, понекогаш чекавме долго, но можевме да постигнеме и втор гол. Реваншот ќе биде многу тежок. Натпреварот може да се подели на неколку делови. Одличен почеток сме. Голот ни даде самодоверба. Во вториот дел имаше многу шанси. Арсенал изгледаше посилно. Можеше да биде и подобро и полошо. Ќе го чекаме реваншот, изјави Енрике по натпреварот.

Реваншот ќе се одигра во Париз на 7 мај. 

Вечер од 21 часот се игра првиот меч од другото полуфинале во кое Барселона го пречекува Интер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан