• понеделник, 23 декември 2024

Емилија Тодорова добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник

Емилија Тодорова добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Авторката Емилија Тодорова од Сиднеј, Австралија, е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник која ја доделува Агенцијата за иселеништво. Наградата е согласно одлуката од жири комисијата на Струшките вечери на поезијата и ѝ е доделена за збирката песни „Гравитација“. - Од име на директорот Слободан Близнаковски и од име на сите вработени ѝ ја честитаме наградата на авторката и ѝ посакуваме успех во понатамошното творење, се вели во соопштението од Агенцијата за иселеништво. мс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан