• недела, 22 декември 2024

Ембид се надева на настап на ОИ

Ембид се надева на настап на ОИ

 

Њујорк, 15 јуни 2024 (МИА) – Центарот на НБА лигашот Филаделфија, Џоел Ембид сè уште се опоравува од повредата на левото колено, но изјави синоќа оти се надева дека ќе игра за тимот на САД на Олимписките игри во Париз.

Ембид беше најкорисен играч во сезоната 2022/23, но оваа сезона одигра само 39 натпревари во регуларниот дел откако ги повреди колената и мораше да биде опериран.

„Одлично ми е. Само се подготвувам за Олимпијадата“, изјави Ембид за телевизијата Еј-Би-Си пред натпреварот меѓу Далас и Бостон.

„Тоа ќе биде голема работа за мене бидејќи сонував за тоа уште од мал. Возбуден сум поради тоа“, додаде кошаркарот на Филаделфија.

Ембид имаше право да игра на Олимпијадата за неговиот роден Камерун или Франција, но, сепак, во октомври лани одлучи да настапува за САД каде е роден неговиот син. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан