• петок, 05 декември 2025

ЕК промовира Пакт за Медитеранот насочен кон зајакнување на односите меѓу Европа, Блискиот Исток и Северна Африка 

ЕК промовира Пакт за Медитеранот насочен кон зајакнување на односите меѓу Европа, Блискиот Исток и Северна Африка 

Брисел, 16 октомври 2025 (МИА) - Европската комисија денеска презентираше нова амбициозна стратегија насловена Пактот за Медитеранот насочена на зајакнување на односите на ЕУ со нејзините партнери од јужниот дел на Средоземното Море во области од заеднички интерес, во справување на предизвиците и остварува на аспирациите. 

- Пактот за Медитеранот ќе ја зајакне соработката и економските врски од двете страни на Средоземното Море и ќе придонесе за градење на заеднички поврзан, просперитетен, отпорен и безбеден медитерански простор, посочи ЕК. 

Покрај за земјите од јужниот Медитеран, Пактот е отворен за соработка и со партнерите на ЕУ ид од регионот на Персискиот Залив, Супсахарска Африка, Западниот Балкан и Турција, за да се овозможи зајакнување на односите меѓу Европа, Блискиот Исток и Северна Африка. 

Целта на стратегијата е создавање заеднички придобивки во повеќе сфери, од производство на чиста енергија, до поттикнувања на приватни инвестиции, со што ќе создаваат можности за луѓето и бизнисите, со посебен фокус на младите, жените и малите бизниси. Се очекува, Пактот да придонесе и за унапредување на соработката во безбедноста, подготвеноста и справувањето со илегалната миграцијата.  

Пактот ќе се базира на промоција на високото образование, стручното оспособување, јакнење на младите и граѓанското општество, мобилноста, културата, туризмот и спортот, потоа на активности за зајакнување на трговските и инвестициските односи, развој на енергетски и чисти технологии, сината економија, земјоделството, дигиталната и транспортната поврзаност и на создавањето работни места, како и справување со заедничките безбедносни предизвици, зголемување на регионалната подготвеност и соработка за сеопфатен пристап кон миграцијата. сп/ми/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан