• среда, 27 ноември 2024

ЕК му изрече нова казна на „Интел“ за моноплски практики на пазарот за компјутерски процесори

ЕК му изрече нова казна на „Интел“ за моноплски практики на пазарот за компјутерски процесори

Брисел, 22 септември 2023 (МИА) – Европската Комисија денеска и изрече нова казна од 376,36 милиони евра на американска мултинационална технолошка корпорација „Интел“ за претходно утврдена злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за компјутерски чипови, соопшти денеска ЕК.

Според Еврокомисијата, „Интел“ применувал низа антиконкурентски практики насочени кон исклучување на конкурентите од релевантниот пазар на централни процесорски единици, со што ги прекршил антимонополските правила на ЕУ.

Комисијата во 2009 година го казни „Интел“ со 1,06 милијарди евра откако утврди дека компанијата  ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот за процесори. ЕК утврди дека „Интел“ ги прекршил правилата на ЕУ со тоа што давал целосни или делумно скриени попусти на производителите на компјутери под услов да купуваат само негови процесори и со тоа што на некои производители им плаќал да го стопираат или одложат лансирањето на одредени производи што содржат процесори на негови конкурентски компани, како и да ги ограничат продажните канали до овие производи.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, со судска пресуда во 2022 година делумно беше поништена оваа одлука на Комисијата во делот за давањето попусти од страна на „Интел“, но Судот потврди дека американската компанија им плаќала на пороизводителите на компјутери да ја ограничат достапноста до производи со чипови од конкурентски фирми, со што ги прекршила правилата на ЕУ.

Сепак, Судот во целосно ја поништи казната изречена на „Интел“, со образложение дека не може да утврди колкав дел од неа се однесува на утврдените прекршувања.

По ваквата пресуда, Еврокомисијата денеска донесе нова одлука со која на „Интел“ му изрече казна само за тоа што на некои производители им плаќал да го стопираат или одложат лансирањето на производи со процесори на негови конкуренти.

Комисијата утврдила дека во периодот помеѓу ноември 2002 и декември 2006 година „Интел“ за ваквата практика им платил на „Хјулит Пакард“, „Асер“ и „Леново“, со што го сериозно го прекршил член 102 од Договорот за функционирање на Европската Унија.

- Ова решение не противречи на очекуваната жалба на Комисијата на одлуката на Судот за поништувањето на нејзиниот наод од 2009 година за прекршувања во однос на условните попусти од страна на “Интел“, се додава во соопштението. сп/ссм/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан