• четврток, 11 јули 2024

ЕК: Во ЕУ се бележи значителен напредок во владеењето на правото, но останува системската загриженост за состојбите во некои членки

ЕК: Во ЕУ се бележи значителен напредок во владеењето на правото, но останува системската загриженост за состојбите во некои членки

Брисел, 5 јули 2023 (МИА) - Членките на ЕУ, целосно или делумно, спроведоа 65 отсто од препораките од ланскиот годишен Извештај за владеење на правото во Унијата, но сепак останува системската загриженост за состојбите во некои земјите, се наведува во денеска објавениот четврти Извештај на Европската комисија за владеење на правото во блокот.

- Иако загриженоста за владеење на правото останува во некои земји членки на ЕУ, извештајот стана клучен двигател за промени и позитивни реформи. Всушност, 65 проценти од минатогодишните препораки се, целосно или делумно спроведени. Ова покажува дека се во тек важни напори во земјите членки за следење на препораките од претходната година. Имајќи предвид дека реформите за подобрување на рамката на владеењето на правото бараат време, ова одразува значителен напредок во текот на само една година, се наведува во Извештајот за 2023 година.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, документот вклучува преглед на состојбите во ЕУ во целина, но и во секоја земја членка во периодот од јули 2022 година, па до минатиот месец, со проценка на имплементацијата на препораките од ланскиот извештај и повторно дава конкретни препораки до земјите членки.

Анализата во Извештајот се базира на четири столба – состојбите во националните правосудни системи, антикорупциските мерки, плурализамот на медиумите и други институционални проверки.

Иранскиот новинар Рухола Зам, кој со својата работа во 2017 година поттикнувал протести во земјата, денеска е осуден на смртна казна, потврди судот.

Европската комисија оценува дека реформите во правосудството во периодот опфатен со Извештајот останале високо на политичката агенда, при што многу земјите членки ги следеа ланските препораки и ги спровеле договорените реформи.

- Повеќето земји-членки дополнително напреднаа или спроведоа важни реформи за зајакнување на судската независност, како што се законодавните напори за зајакнување на независноста и ефективноста на судските совети, подобрување на процедурите за избор на судии и функционирањето на нивните највисоки судови или подготвуваат мерки за зајакнување на автономија на обвинителските служби. Земјите членки, исто така, воведоа мерки насочени кон подобрување на ефикасноста и квалитетот на правдата, се наведува во Извештајот, но се додава и дека сепак останува загриженоста за состојбите „во неколку земји членки во однос на независноста на судството“.

Во делот на состојбите во правосудството, Еврокомисијата препорачува соодветни мерки во постапките за избор на судии и членови на на судските совети, потоа во однос на автономноста на јавните обвинителства, како и за потребата да се обезбедат соодветни ресурси за финансирање на судството, вклучително и за платите на судиите и обвинителите.

Комисијата оценува дека корупцијата и натаму предизвикува сериозна загриженост меѓу граѓаните и бизнис задниците на ЕУ, посочувајќи дека истражувањата на Евробарометар за ставовите на граѓаните кон корупцијата во ЕУ во 2023 година покажувата големо мнозинство на поединци (70 отсто) и бизниси (65 отсто веруваат дека „корупцијата е широко распространета во нивната земја“, дека Европејците се се поскептични во врска со напорите на нивните влади за справување со корупцијата, како и дека околу 67 проценти од испитаниците мислат дека случаите на корупција на високо ниво не се истражуваат доволно.

Гостиварц пријавил во полиција дека бил измамен од женско лице на кое ѝ дал пари за да помогне при вработување во државна институција.

- Голем број земји членки презедоа мерки против корупцијата во согласност со препораките на Извештајот за владеење на правото од 2022 година. Неколку земји членки презедоа реформи во кривичното право за да ја зајакнат борбата против корупцијата, некои продолжија да го надградуваат своето искуство во истражувањето, гонењето и санкционирањето на корупцијата на високо ниво, а некои презедоа активности за зајакнување на капацитетите на одделите на обвинителствата одговорни за борбата против корупцијата, се вели во Извештајот.

Во дукуметот се додава дека дел од земјите членки ги надградиле постоечките антикорупциски стратегии и акцискии планови или се во процес на нивна ревизија, други презеле чекори за зајакнување на кодексите на однесување или правилата за лобирање и судир на интереси.

Во однос на вршителите на јавни функции во Извештајот се посочува дека тие се обврзани да ја пријават својата имотната состојба, но дека тие обврски во секоја земја членка се разликуваат по обем, транспарентност и достапност до нив, како и во нивото и ефективноста на проверка да декларираниот имот. 

- Во некои земји членки, истрагите и гонењето на случаите на корупција се долготрајни и сè уште недостасуваат солидни резултати, особено за случаите на корупција на високо ниво. За да обезбеди покохерентен и ефекасен одговор на корупцијата низ Унијата, Комисијата предложи ново законодавство за корупција на ниво на ЕУ во мај 2023 година, се додава во документот.

Во делот за слободата и плурализамот на медиумите, Еврокомисијата посочува дека неколку земји-членки усвоиле или се во фаза на разгледување на мерки за подобрување на безбедноста и условите за работа на новинарите, согласно нејзинте препораки за обезбедување заштита и безбедност на новинарите и за заштита на новинарите и активистите за човекови права од очигледно неосновани или навредливи судски постапки. 

Словенечкиот интернет портал Нецензурирано (necenzurirano.si) денеска излезе со анализа под наслов „Од каде се милионите за медиумите на Словенечката демократска партија (СДС) и Операција Мак

- Од последниот извештај, одредени земји членки усвоија законодавства за зголемување на транспарентноста за сопственоста на медиумите и ги проширија одредбите за зајакнување на независноста или зголемување на надлежностите на медиумските регулаторни тела, смета Еврокомисијата.

Во документот се посочува дека останува загриженоста во однос на недостигот на транспарентност при рекламирањето на владините институции, судирот на интереси и пристапот до документи од јавен интеерс и дека е потребно преземање дополнителни мерки во однос на овие прашања. 

- Додека некои земји членки иницираа реформи за зајакнување на независноста на нивните јавни радиодифузни сервиси, во неколку други, предизвиците во овој поглед остануваат нерешени. Комисијата повторно издаде голем број препораки кои опфаќаат, меѓу другото, транспарентното и правично распределување на државното рекламирање, независно управување со јавните медиумски сервиси, мерки за подобрување на безбедноста на новинарите, како и за почитување на правото за пристап до документи од јавен карактер. Комисијата во септември 2022 година предложи Акт за слобода на медиумите, за кој сега се преговара, со цел да се утврдат заштитни мерки на ниво на ЕУ за заштита на медиумскиот плурализам и уредувачката независност, се додава во Извештајот.

Комисијата констатира и дека земјите членки продолжуваат да го подобруваат квалитетот на нивните законодавни процедури во однос на проверка и контрола меѓу институциите.

- Уставните судови продолжуваат да играат клучна улога во системот на проверки и контрола и исто така донесоа важни одлуки во врска со организацијата на националните правосудни системи. Националните институции за човекови права, народните правобранители и другите независни власти забележаа дополнително зајакнување на нивниот статус во некои земји членки, се додава во Извештајот.

Комисијата заклучува дека повеќето земји членки на ЕУ постоојат соодветно услови и поддршка за граѓанското општество, посочувајќи и дека некои држави преземаат и дополнителни мерки за понатамошна поддршка на невладиниот сектор.

Европската комисија ги повикува Европскиот парламент и Советот на ЕУ да продолжат со општите и специфични дебати врз основа на овој Извештај, користејќи ги и препораките за понатамошна проверка на конкретната имплементација. 

- Исто така, ги повикуваме националните парламенти, граѓанското општество и другите клучни чинители и актери, да го продолжат дијалог за владеење на правото, како на национално, така и на европско ниво, со зголемен ангажман на граѓаните. Конечно, Комисијата ги повикува земјите членки да ги земат предвид предизвиците идентификувани во Извештајот, бидејќи е подготвена да им помогне во нивните напори да продолжат со спроведувањето на препораките, се додва во Извештајот на Еврокомисијата за владеење на правото во ЕУ. сп/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан