• понеделник, 20 мај 2024

Експлозија во џамија на северот на Авганистан, седум верници загинаа

Експлозија во џамија на северот на Авганистан, седум верници загинаа

Кабул, 13 октомври 2023 (МИА) - Најмалку седум верници загинаа денеска, а 15 се ранети во самоубиствен бомбашки напад врз шиитска џамија во северен Авганистан, изјави денеска авганистански владин претставник.

-Имаше експлозија во шиитска џамија, изјави авганистанскиот функционер Мавлави Хашими за британските медиуми.

Седум лица загинаа за време на молитвата во провинцијата Баглан, а 15 се повредени, рече Хашими, додавајќи дека сите жртви се шиити.

Засега никој не ја презеде одговорноста. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан